Press releases

Нов директор во компанијата Deloitte во Република Северна Македонија

Скопје, 3 декември 2020 година – Александар Аризанов, директор во Секторот ревизија и услуги за уверување, е новиот директор на консултантско-ревизорската компанија Deloitte во Северна Македонија, а ќе биде задолжен за понатамошен развој на ревизорските услуги, даночните и останатите консултантски услуги во Република Северна Македонија. Александар на тој начин ќе ја замени Лидија Нануш, која беше на оваа позиција во последните 18 години.

Има повеќе од 26 години работно искуство во областа од ревизија и сродни услуги. Александар Аризанов ги има следните акредитации:
- Овластен ревизор во Република Северна Македонија
- Овластен сметководител во Република Северна Македонија
- Член на Институтот на Овластени Ревизори во Република Северна Македонија
- Дипломиран економист

Течно зборува англиски, српски и бугарски јазик.

Има богато искуство со примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување (IFRS). Стручен е во делот за сметководствено советување, а има и богато искуство во вршење на ревизии на меѓународни проекти, како и проекти во Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија. Негова примарна специјалност е јавниот и енергетскиот сектор.

Со своето богато професионално искуство, Александар, како нов директор, несомнено ќе даде значителен придонес за понатамошно зајакнување и проширување на деловната активност на компанијата на македонскиот пазар.

Did you find this useful?